Лицата постари од 40 години да работат само три дена неделно!

Лицата кои се постари од 40 години се најпродуктивни кога работат само три дена во неделата. Ова го покажала најновата студија што ја објавил Универзитетот во Мелбурн. Истражувањето во кое со помош на низа когнитивни тестови се анализирани работните способности на 3.000 мажи и 3.500 жени покажало дека луѓето на средна возраст се најпродуктивни ако неделно на работа не поминуваат повеќе од 25 работни часови. Лицата постари од 40 години кои работат 55 часа неделно се изморени и под стрес, а таквата состојба влијае и на нивната работна состојба. Кога…

Важна вест од УЈП: Не заборавајте да го испочитувате новиот закон, останаа уште само 12 дена

Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември). Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во: општина Ѓорче Петров – во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на втори кат. Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 08.00…

Доаѓа живот за бизнисмените во Македонија – Новиот закон стави крај на уништувањето животи и фирми

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски во Струмица се сретнаа со бизнис заедницата. На средбата се разговараше за новиот Закон за прекршоците. Дел од претставниците на бизнис секторот новите измени коишто предвидуваат намалување на казните, рекоа дека ги доживуваат како олеснување и ослободување од притисок. Директорката на УЈП, Лукаревска рече дека столбот на новиот Закон за прекршоци пред се е превенцијата. Лукаревска извести дека со новиот Закон за прекршоци се укинува…