Обезбедуваме економски раст и повеќе пари кај граѓаните, очекувам пратениците да го поддржат Буџетот

Од вечра на пленарната седница во Собранието, предлог Буџетот за 2019 година влезе во последната собраниска фаза. – Очекувам сите пратеници да дадат поддршка за негово усвојување, затоа што Буџетот за 2019 година е домаќински, развоен и обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин. Во 2019 година се очекува забрзување на раст на Бруто домашниот производ на 3.2 отсто, каде што позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции. хttps://youtu.be/CcICKZGrz4A Просечната нето-плата во следниот период ќе продолжи да расте и се…

Влада: Обезбедени 6.2 милиони евра субвенции за земјоделците

На денешната владина седница се обезбедија 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година. До крајот на оваа недела, како што е најавено, ќе почне исплатата…

Доделени наградите за претприемач на годината 2018

Неколку компании денеска беа наградени на изборот „Претприемач на годината 2018“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата. Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Ваљон Купа, менаџер на компанијата „Евита груп“ од Дебар, а втората на Филип Ристевски, менаџер на компанијата „Пиксел“ од Скопје. Првата награда во категоријата микропретпријатија му е доделена на Сашко Андонов, менаџер на компанијата „Течко нет“ од Кочани, а втората на Александар Билјаноски, менаџер на компанијата „Мое студио Дадар“ од Скопје. Наградите ги доделија министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот…

Потпишувањето на Договор за котација на континуираните државни обврзници помеѓу Минисерството за финансии на Република Македонија и Македонската берза АД Скопје

Потпишувањето на Договор за котација на континуираните државни обврзници помеѓу Минисерството за финансии на Република Македонија и Македонската берза АД Скопје. Договорот ќе го потпишат Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и Главниот извршен директор на Берзата г-дин Иван Штериев. Потпишувањето е закажано за 19.12.2018 година (среда) со почеток во 10:00 часот во просториите на Македонска берза на ул.Орце Николов бр.75.

ЗА ИНАЕТ! Тинејџер станал милионер поради опклада со родителите!

Пред три години Ерик Финман се опкладил со родителите дека доколку стане милионер до својата 18-та година, нема да мора да оди на факултет. Го напуштил школото, бидјеќи сметал дека тоа е губење време, и учел од дома. Минатата година Ерик прогласил победа. – Добив опклада од милион долари со моите родители. Благодарен сум на сите, објави тој во вторникот. Неговата приказна го заобиколи светот. Сè започнало 2011 година, кога имал 12 години, а неговата баба му дала 1.000 долари. Ерик парите ги вложил во биткоини, на препорака на својот…

Работа која е платена 9.000 денари дневно, а никој не ја работи. Можеби вие ќе ја сакате?

Оние кои не се задоволни со дневниците на Балканот можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе. Таму, имено, дневницата за берење аспарагус е 150 евра (околу 9.000 денари), работниот ден трае од осум до 10 часа со една пауза. Во недела не се работи. Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 8,5 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа. Сепак, многу е атрактивна…

Финансиската полиција изненадена: За да избегне враќање на кредит влегла во опасна авантура

Една Кинескиња се одлучила на пластична операција за да го избегне враќањето на кредит од околу 3,7 милиони долари. После пресудата на судот во Вухан за кредит, Чу Нацјуан (59) го променила изгледот и се сокрила на непозната локација. Според податоците, таа е уапсена кога во Шенжен се обидела да купи возна карта со лажна лична карта. И полицајците кои дошле да ја приведат биле изненадени колку повеќе не личела на себе си од сликата. Според нивните зборови „изгледала како да има 30 до 40 години“. Во последно време локалните…

Ако имате некој од овие стари мобилни телефони, можете да заработите многу пари

Доколку некаде во некоја фиока имате стар мобилен телефон, кој спаѓа меѓу „класиците“, би можеле да заработите вистинско мало богатство. Според овој водич, Nokia 3310 во Британија се продава за цена од десет до 55 фунти. Ако имате Motorola Razr V, можете да го продадете за околу 60 фунти, а Sony Ericsson W88i за околу 50 фунти. Други Nokia мобилни телефони, како N95, можат да ви донесат околу 90 фунти, додека моделот 9000 вреди неверојатни 500 фунти. Највреден, сепак, од сите Nokia мобилни телефони е Mobira Talkman од 1981 година…

На оваа земја потребни и се работници- плата и до 12.000 евра

Во оваа земја се заработува повеќе отколку било каде во светот, но високи се и трошоците за живот. Медиумите објавија водич колку во просек се заработува со одредени професии: Фризер – 2.426 евра Цвеќар – 3.800 евра Графички дизајнер – 3.545 евра Столар – 3.761 евра Работник во пошта – 3.761 евра Пекар – 3.800 евра Автомеханичар – 4.152 евра Кондуктер во воз – 4.253 евра Софтвер девелопер – 4.299 евра Возач на авотбус – 4.533 евра Новинар – 5.179 евра Социјален работник – 5.828 евра Учител – 7.000 евра…

Животот во Југославија на Тито: Кога работникот беше господин

Тогаш никој не прашуваше за националност, материјалниот статус не беше важен, а луѓето се ценеа по карактерните особини. Не биле ретки приказните за луѓето кои од работници стигнувале до директори на работни организации. Вработените добивале бонови за топол оброк, па се хранеле во ресторани или на киосци. Во СФРЈ се сметало нормално да на вработените им биде платен топол оброк. Работното време било од 7 до 15 часот со пауза која обично се поминувала во рестораните. Саботите и неделите биле неработни освен за оние работни организации кај кои природата на…