Доделени наградите за претприемач на годината 2018

Неколку компании денеска беа наградени на изборот „Претприемач на годината 2018“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата. Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Ваљон Купа, менаџер на компанијата „Евита груп“ од Дебар, а втората на Филип Ристевски, менаџер на компанијата „Пиксел“ од Скопје. Првата награда во категоријата микропретпријатија му е доделена на Сашко Андонов, менаџер на компанијата „Течко нет“ од Кочани, а втората на Александар Билјаноски, менаџер на компанијата „Мое студио Дадар“ од Скопје. Наградите ги доделија министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот…