Влада: Обезбедени 6.2 милиони евра субвенции за земјоделците

На денешната владина седница се обезбедија 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година. До крајот на оваа недела, како што е најавено, ќе почне исплатата…

Потпишувањето на Договор за котација на континуираните државни обврзници помеѓу Минисерството за финансии на Република Македонија и Македонската берза АД Скопје

Потпишувањето на Договор за котација на континуираните државни обврзници помеѓу Минисерството за финансии на Република Македонија и Македонската берза АД Скопје. Договорот ќе го потпишат Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и Главниот извршен директор на Берзата г-дин Иван Штериев. Потпишувањето е закажано за 19.12.2018 година (среда) со почеток во 10:00 часот во просториите на Македонска берза на ул.Орце Николов бр.75.

Доаѓа живот за бизнисмените во Македонија – Новиот закон стави крај на уништувањето животи и фирми

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски во Струмица се сретнаа со бизнис заедницата. На средбата се разговараше за новиот Закон за прекршоците. Дел од претставниците на бизнис секторот новите измени коишто предвидуваат намалување на казните, рекоа дека ги доживуваат како олеснување и ослободување од притисок. Директорката на УЈП, Лукаревска рече дека столбот на новиот Закон за прекршоци пред се е превенцијата. Лукаревска извести дека со новиот Закон за прекршоци се укинува…