Важна вест од УЈП: Не заборавајте да го испочитувате новиот закон, останаа уште само 12 дена

Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември).

Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во:

општина Ѓорче Петров – во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и
општина Аеродром – во општинската зграда на втори кат.

Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 08.00 до 18.00 часот

во општина Кисела Вода – барака број 4,
општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и
општина Чаир.
Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 Декември со работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Ве известуваме дека и Регионални дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 07.00 ч. до 21. 30 ч. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 Декември 2018 година, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.

Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12.2018 и 29.12. 2018 со работно време од 08.00 до 14.00 часот.

На следниот линк е и распоредот на вонредниот возен ред на “Мобилен даночен шалтер” којшто ги посетува населените места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии.

http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400

Поврзани вести