Лицата постари од 40 години да работат само три дена неделно!

Лицата кои се постари од 40 години се најпродуктивни кога работат само три дена во неделата.

Ова го покажала најновата студија што ја објавил Универзитетот во Мелбурн.

Истражувањето во кое со помош на низа когнитивни тестови се анализирани работните способности на 3.000 мажи и 3.500 жени покажало дека луѓето на средна возраст се најпродуктивни ако неделно на работа не поминуваат повеќе од 25 работни часови.

Лицата постари од 40 години кои работат 55 часа неделно се изморени и под стрес, а таквата состојба влијае и на нивната работна состојба.

Кога работат подолго од 25 часа луѓето постари од 40 години се помалку продуктивни дури и од пензионерите.

Поврзани вести