Обезбедуваме економски раст и повеќе пари кај граѓаните, очекувам пратениците да го поддржат Буџетот

Од вечра на пленарната седница во Собранието, предлог Буџетот за 2019 година влезе во последната собраниска фаза. – Очекувам сите пратеници да дадат поддршка за негово усвојување, затоа што Буџетот за 2019 година е домаќински, развоен и обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин. Во 2019 година се очекува забрзување на раст на Бруто домашниот производ на 3.2 отсто, каде што позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции. хttps://youtu.be/CcICKZGrz4A Просечната нето-плата во следниот период ќе продолжи да расте и се…

Доделени наградите за претприемач на годината 2018

Неколку компании денеска беа наградени на изборот „Претприемач на годината 2018“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата. Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Ваљон Купа, менаџер на компанијата „Евита груп“ од Дебар, а втората на Филип Ристевски, менаџер на компанијата „Пиксел“ од Скопје. Првата награда во категоријата микропретпријатија му е доделена на Сашко Андонов, менаџер на компанијата „Течко нет“ од Кочани, а втората на Александар Билјаноски, менаџер на компанијата „Мое студио Дадар“ од Скопје. Наградите ги доделија министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот…

Важна вест од УЈП: Не заборавајте да го испочитувате новиот закон, останаа уште само 12 дена

Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември). Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во: општина Ѓорче Петров – во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на втори кат. Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 08.00…