Заев: Трудот на земјоделците се вреднува со оваа Влада

Во јули оваа година откупната цена на краставицата бележи пораст и изнесува 34 денари за килограм, што е за 240% повеќе споредено со истиот период 2013 година. Ова го напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев. – Трудот на земјоделците се вреднува! За оваа Влада земјоделското производство е приоритет, напиша тој. Во јули оваа година откупната цена на краставицата бележи пораст и изнесува 34 денари за килограм, што е за 240% повеќе… Gepostet von Zoran Zaev am Donnerstag, 22. August 2019

На Македонија ѝ тргна: Мега-инвестиции ќе ја “затрупаат” државава, ќе се отворат многу работни места

2019-та навистина ќе биде економска година. Бизнисмените конечно може да здивнат од инспекторите, кои ќе бидат коректори, наместо да бидат оние кои во време на режимот собираа арач. Се намалуваат казните за бизнисите, а пред казна ќе има опомена. Државата преку Фондот за иновации поддржува квалитетни идеи за развивање на бизнис, а нови подобрени правила важат и за странските, но и домашните инвеститори. Се зголемија сумите за поддршка на оние невработени лица кои ќе се одлучат за самовработување и наместо 3.000 евра, сега оваа сума изнесува меѓу 5 и 10…

Низ Македонија се гради: Реконструиран патот од Прилеп кон Прилепското езеро (Видео)

– Во соработка со општина Прилеп и ЈП за државни патишта го реконструиравме патот од Прилеп до Прилепско езеро. Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат, соопшти министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, јави Centar.mk. Реконструкција на регионален пат Прилеп-Прилепско езеро Во соработка со општина Прилеп и ЈП за државни патишта го реконструиравме патот од Прилеп до Прилепско езеро.Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат…. Gepostet von Goran Sugareski am Donnerstag, 22. August 2019

Почнува акција на УЈП: Инспектори влегуваат во фирмите на Боки 13-ка

Фирмите под капа на Боки 13, еден од осомничените во случајот „Рекет“ ќе бидат прочешлани од УЈП. Управата од утре според најавите ќе влезе во фирмите на Бојан Јовановски а директорката Лукаревска кажа дека ќе се постаоува во делот на даноците. Според Лукаревска налозите за контрола во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници би требало да бидат дадени во петок а ќе се утврдуваат и кои исплати се правени. -Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати…

Нина Ангеловска, нова министерка за финансии

Социјалдемократите до вечер треба да одлучат по предлогот нов Министер за финансии за дабиде Нина Ангеловска, која доаѓа од бизнис секторот и е ко-основач на онлајн платформата за купони со попусти “Групер”. Во секој момент треба да помине одлуката на централниот одбор на СДСМ. Според информации на Bilans.mk, одлуката Ангеловска ја донела, откако лично премиерот Зоран Заев ја поканил да биде прв човек на секторот финансии. Која е Нина Ангеловска? Нина Ангеловска, дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во 2010-тата година како студент на Генерација. Таа во 2011 ја основа…

Влада: Обезбедени 6.2 милиони евра субвенции за земјоделците

На денешната владина седница се обезбедија 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година. До крајот на оваа недела, како што е најавено, ќе почне исплатата…

Потпишувањето на Договор за котација на континуираните државни обврзници помеѓу Минисерството за финансии на Република Македонија и Македонската берза АД Скопје

Потпишувањето на Договор за котација на континуираните државни обврзници помеѓу Минисерството за финансии на Република Македонија и Македонската берза АД Скопје. Договорот ќе го потпишат Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и Главниот извршен директор на Берзата г-дин Иван Штериев. Потпишувањето е закажано за 19.12.2018 година (среда) со почеток во 10:00 часот во просториите на Македонска берза на ул.Орце Николов бр.75.

Доаѓа живот за бизнисмените во Македонија – Новиот закон стави крај на уништувањето животи и фирми

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски во Струмица се сретнаа со бизнис заедницата. На средбата се разговараше за новиот Закон за прекршоците. Дел од претставниците на бизнис секторот новите измени коишто предвидуваат намалување на казните, рекоа дека ги доживуваат како олеснување и ослободување од притисок. Директорката на УЈП, Лукаревска рече дека столбот на новиот Закон за прекршоци пред се е превенцијата. Лукаревска извести дека со новиот Закон за прекршоци се укинува…